ФОТО+ВИДЕО | Си направил свој остров: Канаѓанец живее сам и се грижи за животната средина

2 mins read

Канаѓанецот Шедоу веќе 17 години живее на свој, пловечки остров во Виџен Слоу, Канада. Тоа што е интересно е дека својот остров го направил од стари, рециклирани материјали.

Луѓето кои стојат зад каналот на Јутјуб – „Exploring Alternatives“, кои документираат несекојдневни домови и стилови на живот, решиле да го посетат островот на Шедоу. Во таа прилика, тој им ја раскажал својата приказна и како дошол до идејата да се пресели далеку од сите.

Како што вели Шедоу во видеото на „Exploring Alternatives“, му се здосадил животот во градот, па посакал да направи нешто подобро за себе – да си изгради свој остров. Секако, голема мотивација за овој чекор во животот му била и желбата за заштита на животната средина.

На малечкиот остров си изградил две куќи, кокошарник, градина и магацин. Кога е зима, тој собира дрвја од реката со кои се грее, сам си одгледува свежа храна во градината, а вода носи од блискиот извор. Благодарение на соларните панели, тој има и струја.

Најголемите закани со кои се соочува во областа се ловокрадците, загадувањето и локалната власт, која со години се обидува да го избрка од сопствениот остров.

Тој секојдневно патува по реката со својот кајак, купува ѓубриво и им помага на животните на кои им е потребна помош. Кога оди во град и назад, го губи цел ден, а за тоа му треба кајак и велосипед. Вози со кајак до автопатот, а потоа со велосипед до градот каде што ги надополнува залихите.

Иако живее сам долги години, тој има многу пријатели и семејство во градот кои понекогаш го посетуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Индија ги евакуира граѓаните од Украина

Следно

Првите резултати од скринингот за ковид за Скопје се чекаат кон крајот од неделава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian