ФОТО | Весна Петрушевска сподели фотографија од синот Кирил матурант: Убавец на мајка!

1 min read

Нашата позната актерка, Весна Петрушевска е мајка на две прекрасни деца, синот Кирил и ќерката Мина и редовно споделува фотографии со нив на социјалните мрежи.

Синот Кирил живее во САД со нејзиниот поранешен сопруг Јанко Тренкоски, а од неодамна стана и матурант. На инстаграм-профилот на актерката, веќе објави прекрасна фотографија од него на која тој позира во матурантски костум со пеперутка – вратоврска.

Имено, Кирил лани наполни 18 години, а официјално е матурант во Хјустон, а гордата мама со радост ја сподели фотографијата на која напиша:

„Матурантот од Хјустон, на мама убавец“

На фотографијата не изостанаа куп позитивни коментари и честитки, меѓу кои му честитаа матура и Калиопи, Тамара Тодевска,  Каролина Гочева… Сите му посакаа среќа и успех.

Весна инаку живее во Скопје со ќеркичката Мина, која на шега таа ја нарекува „Мина нагазна“ и со неа се најдобри другарки.

Нека ти е со среќа, Кирил!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок

Следно

Лига на нации: Бугарија во Разград ќе ја пречека Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian