Е. Пелистер против Кадетен се враќа на победничките патеки во Лигата на Европа

1 min read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) во салата „Боро Чурлевски“ со дуелот против Кадетен Шафхаузен ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа.

Битолчани моментно се наоѓаат на делба на второто место токму со Кадетен, а минатата недела ја прекина серијата од шест натпревари без пораз во Лигата на Европа. Тие загубија на госувањето во Ним (25:23), а и првиот пораз го забележаа токму од францускиот тим.

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ, се надева дека неговите ракометари вечерва ќе се вратат на победничките патеки и тоа против Кадетен со кого ремизираа во првиот натпревар во Швајцарија играјќи 28:28.

–  Без разлика дали сте први или петти, спортот ги признава само победниците, па така јас како тренер и моите играчи размислуваме на таков начин и така се подготвуваме, а на крајот ќе видиме дали ќе успееме на крајот во она кое го сакаме. Кој го следи Е. Пелистер, знае дека играчите кои играат тука имаат страшен карактер, ангажман, дисциплина, одговорност и сакаат секогаш да победат – вели Бабиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска убавица: Ќерката на Здравко Чолиќ ужива во Дубаи

Следно

Влада: МНР да преземе мерки за да се обезбедат нашите членови во Мисијата на ОБСЕ во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian