Босанската федерација неединствена -Комшиќ остро ја осуди Русија, Додик вели дека тоа не е ставот на БиХ

2 mins read

Претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, се приклучи кон серијата на остри осуди кон Русија , изјавувајќи дека Москва бру го крши меѓународното право, додека српскиот државен водач Милорад Додик рече дека БиХ нема став за украинската криза.

Во посебна изјава Комшиќ истакна дека територијалниот интегритет и суверенитет на земјите-членки на Обединетите нации мора да се почитуваат бидејќи тоа е загарантирано со меѓународното право.

Фото: Принтскрин

„Насилните акции на некои земји кои сакаат да ги остварат своите аспирации за територијата на други земји со воена сила мора да наидат на силна осуда и одговор од институциите на ОН и цивилизираниот свет. Во таа смисла, најостро го осудувам рускиот напад на територијата на Украина“, рече Комшиќ.

Претходно бошњачкиот член на државниот врв Шефик Џаферовиќ ја осуди руската политика кон Украина, додека српскиот член Милорад Додик беше крајно воздржан.

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Тој избегна какви било зборови за директна осуда на Русија, велејќи дека е за мирно решение на конфликтот и тензиите.
Додок посочи дека изјавите на Комшиќ и Џаферовиќ не ја претставуваат позицијата на БиХ, туку само нивната.

„Сите имаме наши симпатии, би можел да зборувам за моите, но мислам дека единственото нешто што е реално во сегашната ситуација е БиХ да остане неутрална“, изјави Додик за новинарите во Бања Лука.

Како што стана вообичаено во сегашниот мандат, Претседателството на БиХ речиси никогаш нема консензус за надворешнополитичките прашања во кои е очигледна конфронтацијата меѓу Западот и Русија.

Комшиќ и Џаферовиќ прозападно ориентирани и ги подржуваат политиките на Западот, додека Додик, кој е под американски санкции од 2017 година, не ги крие своите проруски ставови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не паркирајте под дрвја, УХРМ најави силни ветрови во Скопје

Следно

Кралицата Елизабета Втора ги откажа обврските поради симптомите на ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian