Австралија времено ја затвори амбасадата во Украина

1 min read

Австралија времено ги суспендира активностите на својата амбасада во западниот украински град Лавов „поради зголемениот ризик“, изјави денеска австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн.

Австралија на 13 февруари времено ги суспендираше своите активности на амбасадата во украинскиот главен град Киев, а потоа ги пресели своите операции во привремена канцеларија во Лавов.

Во изјавата, Пејн наведе дека австралиската Влада им наложила на австралиските дипломати да ја напуштат Украина и ги повика сите свои државјани „веднаш“ да ја напуштат земјата. Таа додаде дека австралиски официјални лица има во источна Полска и Романија за да им помогнат на австралиските граѓани кои сакаат да ја напуштат Украина.

Министерката, исто така, го осуди официјалното признавање од страна на Москва на двете сепаратистички области во регионот Донбас во источна Украина.

Пејн нагласи дека австралиската Влада е во координација со САД, Велика Британија, Европската унија и другите влади во светот околу евентуалната агресијата на Русија врз Украина.

kurir.mk

Претходно

Нов круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција

Следно

Дневен хороскоп за 22 февруари: Променете ги мислите со текот на времето за да постигнете успех

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian