Атанасовски: Најавите на опозицијата за радикализација е предавничко однесување

1 min read

Наместо да се сосредоточиме на изградба на еден општ национален консензус помеѓу сите релевантни и парламентарни чинители, визави евентуалното решение на спорот наметнат од официјална Софија и да ги почнеме долгоочекуваните преговори со ЕУ, ние повторно влегуваме во предизвикување на политичка криза, се со цел предизвикување на предвремени парламентарни избори, вели политикологот Благојче Атанасовски, коментирајќи ги најавите на опозицијата за радикализација на нивното политичко дејствување.

– Тоа во најмала рака е недржавничко, антимакедонско, нималку патриотски, па дури ако сакате и со вордингот на опозицијата и предавничко однесување и делување во политичкиот живот во ваков клучен историски моментум за Македонија. Едноставно нашите политички елити се толку алчни, бескрупулозни и нахални во намерата за освојување на власта (што значи и располагање со милијарди евра буџетски народни пари, за да можат да ги крадат и корумпираат), и не гледаат ни малку за државните и националните интереси и кога тие треба во даден временски период да бидат ставени над личните и партиските. Целосна гротеска сме и трагедија и воопшто не сме се помрднале од мртва точка во изминативе триесет години повеќепартиска демократија кога станува збор за државните интереси наспроти потребата од предвремени избори и евентуално доаѓање на власт, изјави Атанасовски за „Слободен печат“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Разговор со Максимус Вандал, македонски рап – артист: Бунтовноста, „мрсната рапчина и фристајлот“ се начин на живот!

Следно

Еврејска заедница: Вчудоневидени сме од говорот на омраза поради престојот на Лев Тахор во земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian