Атанасоски: Бугарија и по уставните измени може со нови уцени да ни става вета, за што е виновна ЕУ

2 mins read

Двете различни најави за решение на спорот што пристигнаа од Софија и од Скопје по Минхенската безбедносна конференција засега се недоволно објаснети во јавноста и според аналитичарите неизвесно е дали тие ќе придонесат Бугарија до јуни да го тргне ветото од преговарачката рамка за Македонија со ЕУ. Политикологот Благојче Атанасоски смета дека по големото проширување на ЕУ во 2004 година „лончињата се целосно измешани“.

Наместо од нас да бараат да ги исполниме Копенхашките критериуми како што важело за сите земји претходно, ние сме експериментални жртви на националните комплекси и фрустрации на балканските соседи, претходно Грција, сега Бугарија. Наместо да говориме за владеење на правото и правна држава, за економски развој и раст, ние зборуваме за вметнување на Бугари во Уставот. Не сметам дека тоа ќе биде решение бидејќи тоа може да изискува нови и нови барања, т.е. уцени, кои повторно ќе бидат аргументи за нови вета од страна на Бугарија. Едноставно ЕУ е самата виновна што дозволи фокусот од реалните реформи кои се нужни и задолжителни за секоја земја за да постане полноправна членка на Унијата, се префрли на задоволување на имагинарните национално-историски наративи на своите членки – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

Бугарскиот премиер Кирил Петков деновиве најави дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот устав во текот на пристапните преговори, во согласност со Копенхашките критериуми. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, пак, вчера обелодени дека македонската страна предложила сите елементи кои се важни за нас, како и барањата на Бугарија да се врзат во сеопфатен документ со временски рокови, со кој отворените прашања засекогаш ќе се затворат и дека ова не е поместување од нашата позиција, туку зацврстување, со гаранции дека веќе нема да има нови барања од бугарска страна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кошаркарите без селектор, Бајиќ позитивен на коронавирус

Следно

Комисијата предлага: Трудниците да се вратат на работа и да се вакцинираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian