Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претпладнево ќе направи увид во градежните активности на Универзалната сала, а потоа ќе следи изјава за медиумите.
Универзална сала каде претходно се организираа многу културни настани, фестивали и концерти, скоро 7 години е надвор од функција. Прво екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, имаше проект да изгради целосно нова сала, потоа на власт дојде Петре Шилегов кој за да ја зачува автентичноста на салата, одлучи таа да се реконструира.