Андоновска до Мехмедовиќ: За кои протоколи говорите, каде можеме да ги видиме истите, тие не постојат воопшто

1 min read

За кои протоколи говорите господине Мехмедовиќ? Каде се тие протоколи, каде можеме да ги видиме истите, го запраша Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Злате Мехмедовиќ во емисијата на телевизија 24.

Андоновска додаде декане гледа во институциите кои што ги посетува, а ниту пак граѓаните гледаат дека има некакви протоколи. Поради тоа се има еден општ хаос.

-Ситуацијата на теренот е сосема поинаква, ние од таму треба да се спуштиме и од таму да почнеме да работиме. И од таму треба да ги градиме понатамошните одлуки и стратегии, и планови. Ова кога Вас ве слушам е одлично, но реалната ситуација за жал е многу поинаква. Не гледаме протоколи никаде. Еве јас лично не гледам протоколи никаде, ниту пак граѓаните гледаат некој протокол, ниту пак знаат како треба да се однесуват. Но, за тоа граѓаните не се виновни, туку власта. Еден од членовите тврдеше дека граѓаните се виновни бидејќи немаат здравствена култура. Јас со таа изјава не се согласувам. Не може кога вие сте во една ситуација, кога сте немоќни и безидејни да ги окривувате секогаш граѓаните. Не се граѓаните виновни што немате протколи, нагласи Андоновска.

kurir.mk

Претходно

Мехмедовиќ: Трудниците да ја сфатат ситуацијата сериозно и да се вакцинираат

Следно

Лојд Остин: Путин сè уште може да избегне голема и трагична војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian