Ако имате повеќе од 60 години, избегнувајте ги овие алкохолни пијалаци

4 mins read

Чувството дека не можете да го поднесувате алкохолот кога имате 60 или повеќе години не е само во вашата глава: колку сме постари, толку е поголема нашата чувствителност на алкохол. Ако не можете да се откажете од алкохолот, тогаш погрижете се да имате добро здравје. Треба да се внимава што се избира, а еве што велат експертите – кои алкохолни пијалаци треба да ги избегнувате на оваа возраст.

1. Жестоки пијалаци

Експертката за здравје Кристина Грин ве советува да заборавите на ваквите пијалаци бидејќи станува збор за исклучително силни напивки.

Алкохолните пијалаци поинтензивно ги чувствуваме како што старееме, а бидејќи прават да се чувствуваме дека можеме сѐ да направиме, постои ризик од физички несреќи. Постои и ризик од комбинација на алкохол и лекови што ги земаат многу постари луѓе што може да биде крајно опасно.

2. Вињак

Д-р Марк Дејвис наведува дека некои пијалаци се, сепак, полоши од другите, а вињакот е еден од нив, бидејќи предизвикува силен мамурлак, кој тешко може да се поднесе на таа возраст. Овој пијалак има и највисоки нивоа на хемикалии што се формираат при ферментацијата, а кои се опасни за црниот дроб бидејќи тешко се разградуваат, што и ќе ги предизвика овие силни симптоми на мамурлак.

3. Пиво

Стручњаците советуваат постарите луѓе да внимаваат какво пиво пијат и додаваат дека треба да се одлучат за она со мошне малку или пиво без алкохол. Ако пивото пишува „лајт“, тоа не се однесува на бојата, па тоа може да има многу алкохол, затоа треба да прочитате што стои на декларацијата и да го проверите процентот на алкохол. Ако не можете да поднесете пиво без алкохол, тогаш внимавајте да не го пиете во големи количини, но од една чаша од овој ладен пијалак ништо нема да ви се случи.

4. Бело вино

Иако експертите велат дека една чаша вино е добра за здравјето, подобро е, сепак, да не се консумираат одредени видови. Ако имате 65 или повеќе години, треба да се избегнува бело вино бидејќи содржи големи количини на сулфит, хемикалија која го подобруваат изгледот, но и вкусот на виното. Дејвис советува да испиете чаша црвено вино, а тоа содржи и многу придобивки. Истражувањата тврдат дека црвеното вино е богато со флавоноиди, кои се моќни антиоксиданти и му помагаат на телото во борбата против алергиите, вирусите и канцерогените клетки.

Црвеното вино е добро и за срцето бидејќи го опушта и го стимулира кардиоваскуларниот систем. Како и во сѐ, така и во пиењето вино умереноста е најважна, па затоа напоменуваме дека е доволна чаша вино.

Кој ужива во мали количини вино, ужива и во добра меморија, продуктивност, здрави нивоа на шеќер во крвта и ги намалува шансите за рак на дебелото црево.

5. Слатки пијалаци

Ако станува збор алкохолен сладок пијалак, немојте да мислите дека во нив има мошне малку алкохол. Со оглед на тоа што имаат добар вкус за да го „маскираат“ алкохолот, би можете да испиете повеќе отколку што е паметно, а тие се особено опасни за луѓето кои имаат одредени состојби, како што е дијабетесот.

Според Центарот за контрола на болести (ЦДЦ), бројот на заболени од дијабетес е зголемен за околу 30 отсто.

Слатките алкохолни пијалаци се многу опасни за постарите луѓе кои имаат дијабетес, бидејќи содржат јаглехидрати кои телото ќе ги претвори во гликоза. Додадените шеќери само ја зголемуваат количината што се ослободува во телото (гликозата) и може само да ја отежнат контролата на вашата состојба, заклучува Стефан Болдвин, експерт за здравје за постари лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право

Следно

Ковачевски: Граѓаните очекуваат ефикасност, Собранието да го донесе законот за минимална плата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian