Акција на косовската полиција во Северна Митровица против копачи на криптовалути

1 min read

Косовската полиија спроведе утрово акција во северниот дел од земјата, населен со мнозинско српско население, со цел откривање на нелегални копачи на криптовалути, јави агенцијата Косовапрес.

Извори на агенцијата изјавија дека е извршен претрес на две локации во населбата „Бошњачко Маало” во Северна Митровица.

Засега нема информации дали се запленети апарати за производство на криптовалути и дали има уапсени лица.

Косовската Влада на почетокот на годинава донесе одлука за забрана на ископување криптовалути до регулирање на потребната законската инфраструктура, со оглед дека постои сомневање оти мнозинството кои се бават со таа дејност не ја плаќаат електричната енергија која е потребна за ископување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта во Скопје

Следно

Индија ги евакуира граѓаните од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian