Вучиќ загрижен по одлуката на Путин: Пред нашите очи се менува светскиот поредок

2 mins read

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва по повод последниот развој на ситуација во Украина и признавањето на независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск од страна на Русија, изјави дека политичките притисоци врз Србија ќе бидат поголеми од кога било досега.

Вучиќ во интервју за ТВ Пинк изјави дека е загрижен и дека позицијата на Србија не е лесна.

„Сега има многу предизвици од политичка, безбедносна и економска природа. Политичките притисоци ќе бидат поголеми од кога било. Само во последните три дена тоа што го доживеав ги потврдува моите зборови. Поминав низ разни видови на притисоци, но она што го доживеав во претходните три дена и тоа што следи едноставно нема да биде воопшто лесно“, рече Вучиќ.

Тој рече дека по потпишувањето на указот од Путин за признавање на самопрогласените републики Луганск и Доњецк, комплетната безбедносна архитектура на светот се урива.

„Никој не може да предвиди како некој ќе се однесува. Што се однесува до нас, нашата посветеност на мирот мора да биде цврста. Како врховен командант издадов наредба во секое време да бидеме подготвени на најдобар можен начин“, објасни Вучиќ и додаде:

Но, во политичка смисла, претседателот на Србија вели дека сега мора да се работи многу и дека мирот повеќе не е нешто што се подразбира.

Вучиќ вели дека ова е во моментов најкомпликуваната ситуација и тешко дека ќе има посложена во следните десет години.

„Мислам дека светскиот поредок се менува на овој начин“, рече Вучиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славески: Платите ја губат трката со цените во Македонија, а инфлацијата веќе е повисока од таа во еврозоната што е критично за монетарната политика

Следно

ФОТО | Британски инфлуенсер сака да прави корекција на пенисот: Сакам да бидам 100 проценти Кореец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian