ВИДЕО: Трајковски со гол за полуфинале во кралскиот Куп на Саудиска Арабија

1 min read

Денеска во четвртфиналниот натпревар од кралскиот Куп во Саудиска Арабија Ал Фејха со резултат 1:2 го елиминираше Ал Батин.

Водство за гостите донесе македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во 56 минута после асистенцијата на Ал Абдулмонам.

Во 66 минута израмнија домаќините со погодокот на Ел Џебли реализиран од пенал.

Нашиот напаѓач Трајковски настапи до 84 минута од средбата кога беше заменет од Мутари.

Немаше победник по регуларните 90 минути, во второто продолжение, поточно во 117 минута триумфот го обезбеди грчкиот интернационалец Тахцидис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Се породи пејачката Маја Беровиќ: Синчето доби интересно име

Следно

„Слободен печат“: Ќе има ли опозициски фронт за уривање на власта?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian