ВИДЕО: Стојоски урна рекорд стар 35 години во Будимпешта

1 min read

Во својот настап на меѓународниот атлетски митинг за сениори во сала кој се одржа изминатиот викенд во Будимпешта (Унгарија) Јован Стојоски постави нов национален рекорд на Македонија на 400 метри во сала.

Македонскиот атлетичар го освои првото место и оствари време од 47,18 секунди, резултат вреден 1096 бодови.

Стојоски го надмина рекордот стар 35 години кој беше во претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев, кој изнесуваше 47,49 секунди поставен исто така во Будимпешта.

Лани на новогодишниот митинг во Белград (Србија) постави уште еден национален рекорд на 200 метри во сала (21,56 секунда).

Сите резултати од атлетскиот митинг во унгарскиот главен град можете да ги погледнете ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Во чест на неговата мајка и жртвите од пандемијата: Александар Стојков на велосипед ќе помине 2500 километри низ 6-те држави од поранешна Југославија

Следно

Личните податоци на граѓаните стануваат светост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian