ВИДЕО | Преку повеќе од 40 години, во балканската популарна музика се пее за насилство врз жената: Студентски труд ја отвори „Пандорината кутија“

2 mins read

Еден испитен труд на студентка на Факултетот за драмски уметности од Белград, Србија, Ана Нинковиќ, стана вирален на YouTube, а социјалните мрежи го коментираат интензивно.
Се прашувате за што се крена толкава прашина?

Имено, Ана ја поставува темата „Насилство врз жените во домашните песни“, а луѓето читајќи ја, масовно ги осудија стиховите кои можеби наједноставно се пеат низ годините, а се сериозна закана за третманот на жената во домашната музика, пренесува „Danas.rs“

Видеото кое веќе се прошири насекаде е настанато како испитен труд на оваа девојка која сакала да направи преглед на домашните и регионални песни во чии текстови доминираат мотивите на женското понижување.

Во голем број од песните, ултимативната љубов кон партнерот се прикажува преку доминација на мажот врз жената, во партнерско-семејниот контекст. Насилството може да биде психолошко, физичко, или сексуално. Во користените песни во кои Ана направила компилација, се релативизира, романтизира и промовира насилството и понижувачкиот однос на мажот кон жената.

Романтизацијата на женското понижување е мотив во одбрани триесетина песни од српски, хрватски босански и словенечки изведувачи.

„Најстара користена песна е објавена во 1981 година, а најновата е во 2020. Ова значи дека ваков наратив доминира четириесет години во нашата домашна популарна музика“ – се наведува во објаснувањето на видеото.

По завршувањето на секвенците од шесте песни, се појавува информација и од Автономниот женски центар  и Фем Плац кои пренесуваат статистики за фемицидот кој се однесува на Србија.

Во нашата домашна поп и фолк музика, сигурно има безброј примери каде пеењето за жената како сексуален објект се глорифицирало или било земано предвид како дел од хуморот. Многу често, сексуалните алузии, „скриените“ пораки во одредени песни, се само уште еден начин на промовирање родово вербално насилство.

Сигурно ќе ви дојдат на ум некои песни, кои безгрижно сме ги пееле како деца, а во нив има застапени наративи од оваа тема, за која пишува и Ана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Хаос на автопатот Нови Сад – Белград: Еден мртов и неколкумина повредени во верижен судир на 30 возила

Следно

Украински и руски тенисер со титула и порака од Марсеј: „Ние сме само обични луѓе“!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian