ВИДЕО | Почина Џејн Марцевски -„Nightbirde“: Девојката со ангелски глас која ги освои жирито и публиката на „American’s Got Talent“

2 mins read

Пејачката Џејн Марцевски попозната под уметничко име „Nightbirde“ почина на 31 годишна возраст по борба со тешка болест. Џејн со својата насмевка и позитивен став и покрај тешката борба со ракот на белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб го жирито и гледачите на шоуто „America’s Got Talent“.

Џејн ги освои симпатите ширум светот со изведбата на својата својата авторска песна „It’s OK“ во јуни минатата година и раскажа за својата борба со ракот. Набрзо по настапот Џејн мораше да се повлече од сцената поради влошување на здравствената состојба, но ниту во еден момент не ја изгуби надежта дека повторно ќе има можност да пее пред своите фанови.

„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко“, започна таа во тогапното обраќање споделувајќи фотографија од болничката соба. „По аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона „AGT“. Животот не секогаш е полезен за тие кои го заслужуваат тоа, но веќе го знаеме тоа“ – напиша Џејн во обраќањето кон своите фанови кога мораше да прекине со натпреварувањето.

ВИДЕО | Лекарите ѝ дале само 2% шанси да преживее: 30-годишна учесничка на „American’s Got Talent“ го помести жирито од место

ВИДЕО | Лекарите ѝ дале само 2% шанси да преживее: 30-годишна учесничка на „American’s Got Talent“ го помести жирито од место

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел: Во ЕУ нема место за поделена БиХ

Следно

ЕХФ Евро Куп: Савевски со 21 ракометарка за двомечот со Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian