ВИДЕО | Хаос на автопатот Нови Сад – Белград: Еден мртов и неколкумина повредени во верижен судир на 30 возила

1 min read

Голем верижен судир на триесетина возила утрово се случи на автопатот Нови Сад – Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, во големата несреќа имало и еден мртов, а неколкумина се повредени.

Судирот бил на околу еден километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што пишуваат српските медиуми, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.

Во моментов сообраќајот е целосно во прекин и е пренасочен на стариот пат кај Инѓија, по што дошло до голем сообраќаен метеж во местото Стара Пазова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Менкиноски: Ако некој прифати нешто спротивно на интересите Македонците во Бугарија само ќе изврши предавство, но нема да ги натера тие да се откажат

Следно

ВИДЕО | Преку повеќе од 40 години, во балканската популарна музика се пее за насилство врз жената: Студентски труд ја отвори „Пандорината кутија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian