ВИДЕО: Барди и Леванте освоија бод против Селта Виго

1 min read

Во последниот натпревар од 25 коло во шпанското фудбалско првенство Селта и Леванте денеска одиграа реми 1:1 (0:0).

Серви донесе водство за домашните фудбалери во 67 минута, а конечниот епилог го постави Марти во 82 минута.

За гостите целиот меч на теренот во Виго го одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди.

На табелата во „Ла Лига“ на последното 20 место останува Леванте со 15 бодови, а Селта е на деветтата позиција со 32.

Во следното коло составот од Валенсија на 25 февруари дома ќе ги одмери силите против Елче, додека Селта, еден ден подоцна ќе му гостува на Атлетико Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Цел меч за Елмас, Наполи не го искористи киксот на Интер

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Врнежливо време и силен ветер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian