Украински и руски тенисер со титула и порака од Марсеј: „Ние сме само обични луѓе“!

1 min read

Русинот Андреј Рубљев и Украинецот Денис Молчанов ја освоија титулата во двојки на тенискиот турнир во Марсеј, Франција.

Рускиот тенисер ја искористи приликата да каже како спортот ги обединува луѓето, и е против размислувањето на Министерот за млади и спорт на Украина, Вадим Гучаит, кој им порача на украинските спортисти да се дистанцираат од Русите на подиумот за време на Зимските олимписки игри во Пекинг кои завршија изминатиот викенд.

Тензијата во односите меѓу Русија и Украина расте од ден на ден, а истовремено од Франција доаѓа една фантастична приказна и сценарио за филм.

Рубљев и Молчанов со заеднички сили ги покорија ривалите во Марсеј, а во финалето беа поуспешни од Јужноафриканецот Равен Класен и Јапонецот Бен Мекклахлан со резултат 4:6, 7:5, 10:7.

Ја земаа титулата и се прегрнаа, рускиот тениски ас Рубљев не ја пропушти можноста да каже дека тој и Денис Молчанов се обични луѓе и дека спортот ги обединува луѓето.

– Ние сме обични луѓе, не сме политичари, ние спортуваме. Спортот нè обединува, публиката го поддржува својот тим и своите играчи. На крајот на краиштата, сите сме заедно во овој момент. Сè е многу едноставно. Мир на сите – рече Рубљев по мечот, а пренесува РИА Новости.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Преку повеќе од 40 години, во балканската популарна музика се пее за насилство врз жената: Студентски труд ја отвори „Пандорината кутија“

Следно

Мицкоски: Многу се краде, затоа нема струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian