Трамп си направи своја социјална мрежа

1 min read

Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска – 21 февруари.

Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари.

Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Ова се случи набргу откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година и се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од минатогодишните претседателски избори.

Во врска со инцидентот, демократите почнаа постапка за импичмент на Трамп. Сепак, Сенатот на Конгресот не ја поддржа иницијативата.

kurir.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, училишта, паркови се дел од 1090-те проекти кои ги започнаа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во првите 100 дена

Следно

Последици од ковид: Знаци дека можеби имате тромбоза и дека итно мора да одите на лекар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian