„Слободен печат“: Ќе има ли опозициски фронт за уривање на власта?

4 mins read

Во утрешното издание на весникот „Слободен печат“ можете да прочитате:

Хроника

Пред новата рунда разговори на експертите од Македонија и од Бугарија: Заеднички предлог до Брисел како формула за решение. Двете земји интензивно разговараат каква да биде формата и содржината на новиот документ, со кој се очекува да биде затворен спорот Софија-Скопје, за чие исполнување ќе бараат Брисел да биде гарант.

Ќе има ли опозициски фронт за уривање на власта? Мицкоски и Села не исклучуваат предизборна коалиција, Касами се двоуми. Од опозициските партии велат дека е рано да се разговара за заеднички листи, но некаква соработка ќе има. Од АА сметаат дека се надминати позициите на етнички коалиции, соработката треба да биде врз идеолошки принципи. Отворена е и вратата за соработка и Алтернатива. Во Беса сега се фокусирани на Конгресот и засега се на ставот дека секој на свој терен треба да ги бара гласовите на граѓаните.

Дипломатски игротеки – Од детски градинки и фирми за лекови – право во амбасада! Во претходните години за конзули биле испраќани луѓе кои претходно работеле во фирми за лекови, за чоколади, во детски градинки, нагласи министерот Бујар Османи во врска со ревизијата на индивидуалните досиеја на дипломатите именувани од 2006 година до денес.

ССМ и СОНК на различна фрекфенција – синдикатите се „скараа“ како да ги заштитат наставниците. За разлика од ССМ кој повикува на блокирање на Собранието поради наставниците што немаат решен работен статус, СОНК најавува штрајк во случај да не им се зголемат платите на вработените во образованието. Недоразбирање или политичка заднина е во прашање?

Екологија – Мавровци бараат мораториум за градење „Спас за Маврово“ покрена иницијатива пред Уставен суд за оценка на урбанистичките планови за Маврово, како и за Леуново, Никифорово и Маврови Анови. Бараат да се среди водоснабдувањето, инфраструктурата, струјата… „Не знаеме ни колкав е водостојот на езерото, сигурно е низок штом мразот не е стопен три месеци“, велат Мавровци

Економија  – Пазарот е преплавен со увезено свинско месо. За да се спаси домашното квалитетно производство на свежо свинско месо, производителите бараат привремена забрана на увоз на замрзнато месо за трговија, како и увоз на прасиња.

Свет – Бајден и Путин не може да ѝ ја кројат судбината на Украина без да ја прашаат. Лидерите на САД и на Русија, со посредство на Емануел Макрон, начелно се согласиле директно да разговараат за да изнајдат излез од најсериозната криза во Европа по крајот на Студената војна.

Спорт – Кошарка, квалификации за СП 2023: Македонија значително хендикепирана против Грузија. На мечот во Тбилиси в четврток црвено-жолтите ќе настапат без тројца повредени првотимци – Ненад Димитријевиќ, Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски.

Еспресо – Разговор со Сандра Кирков, поранешна стјуардеса. Нема ништо поубаво од запознавање нови места, култури и стекнување нови пријателства Сандра Кирков, е економистка, блогерка и поранешна стјуардеса.

Читајте ги и другите редовни содржини, како и омилените енигматски страници и новата – Огласи!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Трајковски со гол за полуфинале во кралскиот Куп на Саудиска Арабија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево: Апелираме ВЕДНАШ да се сопре сечењето на боровата шума во месноста Крушино!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian