Путин го потпиша указ за признавање на Доњецк и Луганск

2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на независноста на Народна Република Луганск и Народна Република Доњецк и ги повика другите владини претставници да го поддржат во оваа одлука.

„Требаше одамна да ја донесам оваа одлука и да ја признаам независноста на Луганск и Доњецк“, рече тој во своето обраќање.

Путин го започна своето обраќање до нацијата со говор за историјата, велејќи дека модерна Украина е „создадена“ од Русија и дека таа е „составен дел од нивната историја“. Продолжувајќи ја дебатата за историјата, Путин го критикуваше поранешниот комунистички лидер Владимир Ленин, нарекувајќи го „авторот и архитект“ на Украина, кој ја „оштети“ Русија. Тој додаде дека Русија била „ограбена“ кога Советскиот Сојуз се распаднал во 1991 година.

Тој ја нарече и „древна руска земја“, а моменталната ситуација во Донбас ја окарактеризира како „критична“.

„Имаме информации дека Украина усвои нова воена стратегија во март 2021 година, а во тој документ може да се види дека тие директно ја таргетирале Русија со намера да вовлечат странски сили во конфликтот, но и во корист на меѓународната заедница“, додаде Путин.

Тој се осврна и на можноста Украина да создаде нуклеарно оружје, што, како што вели, не е невозможно бидејќи има технологија, но и инфраструктура од СССР да направи нешто такво.

„Изработката на нуклеарно оружје би било полесно за Украина отколку за некои други земји, особено ако имаат технолошка помош од други земји“, рече тој, додавајќи дека само САД и испорачале на Украина оружје и милијарди долари.

kurir.mk

Претходно

Тасевски: Нашиот проблем со Бугарија е што имаме квислиншка власт која свесно влегува во преговори со држава која сака да го поништи македонскиот идентитет

Следно

ФОТО | Тијана Дапчевиќ со синот и сопругот на Копаоник: Црвен кармин, силно сонце и последниот снег се доволни за комплетно уживање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian