Последици од ковид: Знаци дека можеби имате тромбоза и дека итно мора да одите на лекар

3 mins read

Чувство на гушење, брз заморување, ненадејна болка во градите, недостаток на воздух, силно чукање на срцето, ненадејна промена на бојата на кожата на рацете или нозете (темно сина или црна), се некои од знаците, симптомите кои укажуваат дека виталните органи се загрозени и дека можеби дошло до тромбоза, односно затнување на крвните садови, објаснува за „Нова.рс“ полковник доцент д-р Иво Удовичиќ, командант на воената болница Карабурма во Србија.

Секое нарушување на срцето за некој кој прележал коронавирус, значи компликација, пишува „Нова.рс“.

„Тромбозата се појавува кај ковид, но и кај постковид. Затнувањето на крвните садови може да се случи и по шест месеци, па дури и по една година откако лицето ќе прележа ковид. Иако вирусот повеќе го нема во организмот, останале оштетени клетки кои не се обновиле и кои можат да убиваат“, нагласува доц. д-р Удовичиќ.

За жал, не постои начин да се предвидат или да се спречат ваквите последици, единствено што можеме да направиме е да го следиме нашето тело и организам.

„Доколку само се сомневаме дека нешто се случува, мора веднаш да се јавиме на лекар и да нагласиме дека сме прележале ковид. Најопасната компликација на коронавирусот е затнување на крвните садови, што предизвикува тромб. Во последните неколку месеци, појавата на тромбоза е зголемена за четири до пет пати кај пациентите кои се лекуваат од ковид или имаат постковид синдром. Ако веднаш не се реагира, оваа појава во организмот брзо предизвикува смрт“, предупредува д-р Удовичиќ.

Кај луѓето кои дома прележале ковид и имаат благи или никакви симптоми, може да се појават промени во нивните крвни садови без тие воопшто да го сфатат тоа.

„Овие промени може да доведат до тромбоза и до смрт. За жал, тоа е нешто што не можеме да го предвидиме. Со ниту еден медицински скрининг не може да открие дека настапува тромбоза, па затоа постковид е тивок убиец. Лицето може да се чувствува доста добро, но никогаш не знае кога ќе се затне некој од крвните садови“, нагласува докторот.

Ненадејната смрт кај постковид е главно поврзана со тромбоза.

„Имавме пациенти на кои ненадејно им раката или ногата им стана сина, што е знак дека настанала тромбоза. Најопасно е кога ќе дојде до тромбоза на крвните садови на белите дробови или на мозокот“, вели доц. д-р Удовичиќ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трамп си направи своја социјална мрежа

Следно

Доктор Нико Беќаровски со план за спас на матичните лекари: Сите амбуланти да се исклучиво државни!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian