Ѓоковиќ со убедлива победа го започна турнирот во Дубаи

1 min read

Новак Ѓоковиќ за 75 минути игра го совлада Лоренцо Мусети со 6:3 и 6:3 во првото коло на АТП турнирот во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Речиси три месеци по последниот одигран меч, првиот тенисер на светот изгледаше многу мотивирано, а според прикажаната игра, паузата не остави премногу белег на него.

Беше крајно убедлив во сервис гемовите, сервираше одлично и правеше брејкови кога беше тоа потребно, па Италијанецот немаше премногу шанси во мечот.

Во првиот сет Ѓоковиќ беше подобар со 6:3 со еден брејк, а во вториот имаше нешто порамноправна борба. Повторно српскиот ас прв стигна до брејк, потоа спаси четири брејк топки на противникот, а потоа со нов брејк дојде до победа од 6:3.

За првиот светски рекет ова беше прв официјален меч во 2022 година. За пласман во второто коло Србинот ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Карен Хачанов и Алекс Де Минор.

Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 2,740.840 долари, а титулата ја брани Аслан Карацев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Тијана Дапчевиќ со синот и сопругот на Копаоник: Црвен кармин, силно сонце и последниот снег се доволни за комплетно уживање

Следно

Славески: Платите ја губат трката со цените во Македонија, а инфлацијата веќе е повисока од таа во еврозоната што е критично за монетарната политика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian