Официјално: Додиќ до крајот на сезоната во Вардар 1961

1 min read

Денеска ракометниот клуб Вардар 1961 промовираше ново засилување, станува збор за талентираниот Стефан Додиќ.

Младиот 18-годишен српски среден бек до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на скопските „црвено-црни“.

Оваа информација ја потврдија и од неговиот досегашен клуб ГРК Охрид:

– ГРК Охрид и ракометарот Стефан Додиќ спогодбено го раскинаа договорот за соработка.
ГРК Охрид му благодари за досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Среќно Додиќ!! – соопштија охриѓани.

Претходно Додиќ настапуваше и за РК Металург со кој играше во Лигата на шампионите.

На плејмејкерската позиција тренерот Давид Дејвис ги има на располагање уште Мартин Карапалевски, Анте Гаџа, Стефан Крстевски и Марко Мишевски.

Вардарци се подготвуваат за новиот меч во Лигата на шампионите, важен во битката за пласман во осминафиналето против ППД Загреб в среда во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неплодност – Дали е време за загриженост?

Следно

Синдикатите се „скараа“ како да ги заштитат наставниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian