МАЈКА МОНСТРУМ: Си го обезглавила детето, го убила кучето, полицијата ја најде распеана и весела

1 min read

Жена од американската сојузна држава Мисури, во вторникот му ја отсекла главата на својот син (6) и на кучето, соопшти американската полиција, пренесува Фокс њуз.

-Останавме во шок. Јавноста сега знае некои од ужасните детали во врска со смртта на шестгодишното дете, изјави во соопштението окружниот обвинител на Џексон, Жан-Питер Бејкер.

Таша Хефс наводно повикала брза помош во вторникот вечерта, велејќи дека верува дека ѓаволот се обидува да ја нападне, објави телевизијата КЦТВ. Таа негираше дека страда од било каква ментална болест пред да ја спушти слушалката.

Полицајците пристигнале во нејзината куќа и пронашле крв на скалите пред вратата. Внатре слушнале жена како пее, а кога тропале на вратата станувало се погласно.

Службеник во куќата видел нешто што личело на отсечена глава. Полицајците поминале низ задната врата и ја нашле Хефс со крв на нозете и стапалата.

Телото на обезглавено шестгодишно момче било во кујната, а телото на кучето и два ножа, во подрумот.

-Тешко е да се замисли тагата на семејството на ова момче, неговите пријатели од училиштето, пријателите и соседите, се додава во соопштението на обвинителот.

Хефс во полиција изјавила дека момчето е нејзин биолошки син и признала дека го убила. Останатите деца не биле во куќата.

Таа е обвинета за убиство од прв степен и вооружен криминал. Обвинителството бара таа да биде задржана во притвор без кауција.

kurir.mk

Претходно

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕГ – УХМР со детална временска прогноза за цела недела

Следно

ВИДЕО | Андреа за евровизиската песна: Музиката ми помогна да го надминам лошиот период од животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian