Личните податоци на граѓаните стануваат светост

7 mins read

Со стапувањето на сила на новиот Закон за заштита на личните податоци, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените, секоја компанија, без разлика дали е мала, средна, голема или институција и организација, мора да има офицер за заштита на лични податоци. Заштитата на личните податоци ќе биде на повисоко ниво од досега, со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и приспособување на воспоставениот систем за заштита на личните податоци.

Во Македонија, започнува со целосна примена на новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа, од една страна, овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската Унија во оваа област – наведуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).

Офицерот за заштита на личните податоци игра клучна улога во воспоставувањето и одржувањето на системот за заштита на личните податоци кај трговски друштва, непрофитни организации, државни органи или поединци кои користат лични податоци на физички лица за свои цели т.н. контролори или користат лични податоци на физички лица за потребите и целите на контролорите, односно обработувачи.

Контролорот е правно лице кое самостојно или заедно со други ги определува целите и начинот на обработка на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци може да биде вработен кај контролорот, вработен кај обработувачот, или да ги извршува работите врз основа на договор за услуги.

Личните податоци во врска со осуди за кривични дела не претставуваат посебна категорија на лични податоци, но и за нив, како и за посебната категорија на лични податоци, се предвидени дополнителни сигурносни заштитни мерки.

Експертот за заштита на човековите права, правниот професор Никола Стојановски вели дека личен податок е секоја информација што се однесува на идентификувано физичко лице или кое може да се идентификува.

– Вака дадената дефиниција дава широк спектар на тоа што сè може да претставува личен податок, вклучувајќи име и презиме, ЕМБГ, локација или онлајн идентитет, што ќе предизвика големи промени во технологиите и начините на коишто компаниите обработуваат лични податоци. Дури и псевдонимизираните податоци може да се сметаат за лични податоци и потпаѓаат „под капата“ на Законот за заштита на личните податоци, во зависност од тоа колку е веројатно да се поврзе псевдонимот со конкретно физичко лице. Во посебна категорија на лични податоци спаѓаат информации што откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, генетски податоци, биометриски податоци, податоци за здравјето, податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација, а кои се сметаат за посебна категорија на лични податоци. Секоја компанија, без разлика дали е мала, средна, голема или институција и организација, мора да имаат офицер за заштита на лични податоци. Заштитата на личните податоци ќе биде на повисоко ниво од досега, со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и приспособување на воспоставениот систем за заштита на личните податоци – нагласува Николовски.

Со примената на овој закон, се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

Вака дадената дефиниција дава широк спектар на тоа што сè може да претставува личен податок, локација или онлајн идентитет, што ќе предизвика големи промени во технологиите и начините на коишто компаниите обработуваат лични податоци. Дури и псевдонимизираните податоци може да се сметаат за лични податоци и потпаѓаат „под капата“ на Законот за заштита на личните податоци, во зависност од тоа колку е веројатно да се поврзе псевдонимот со конкретно физичко лице – нагласува професорот Николовски.

Со Законот за заштита на личните податоци кој е lex generalis во оваа област, правото на заштита на личните податоци е инкорпорирано во нашиот правен систем со што е воспоставен нов концепт преку кој се нагласува важноста на ова право како едно од основните слободи и права на поединецот и како есенцијална вредност на секое модерно и технолошки развиено општество, велат од Јавното обвинителство.

Овој концепт подразбира заштита на приватноста и личниот интегритет на секој поединец, секогаш и секаде каде што се врши обработка на лични податоци. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како контролор и обработувач на збирки на лични податоци, ги применува одредбите на соодветниот закон и имплементира процедури за заштита на личните податоци. Притоа, назначен е офицер за заштита на лични податоци, а сите субјекти имаат право на пристап и исправка на сопствените лични податоци – тврдат од ОЈО.

Мирјана Стојановска, експерт од областа приватноста и заштитата на лични податоци вели дека во посебна категорија на лични податоци спаѓаат информации што откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања.

Со новиот Закон, здруженијата основани заради политички, филозофски, верски или синдикални цели, повеќе не се изречно ослободени од обврската за определување Офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП), како што беше тоа со стариот Закон. За овие здруженија сега важат општите правила за определување на ОЗЛП – вели Стојановска.

Општата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци го забранува споделувањето на лични податоци како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори неодамна евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање, дали Законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

„Во Европската Унија, личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки. Но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021,“ одговори Гир.

Според него, усогласувањето на законодавството на државата со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Стојоски урна рекорд стар 35 години во Будимпешта

Следно

ОТКРИЕН ПТИЧЈИ ГРИП ВО ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАД – надлежните апелираат да се внимава!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian