Исчистен просторот кај скопско Кале, собрана огромна количина отпад

1 min read

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег. 

Во рамките на оваа голема акција, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија околу 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. 

Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Eкипите на градските јавни претпријатија ќе продолжат и во наредниот период со засилени активности на терен за расчистување на дивите депонии на подрачјето на Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Славица Кутиров реизбрана за директорка на Царинската управа

Следно

Познато е во каква здравствена состојба е кралицата Елизабета, „полесните“ обврски ги извршува од изолација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian