ФОТО | Се породи пејачката Маја Беровиќ: Синчето доби интересно име

1 min read

Босанската пејачка Маја Беровиќ која јавноста ја знае по соработката со познати балкански рапери, на свет го донесе своето прво дете.

Таа и нејзиниот партнер Ален Драгосава го пречекаа доаѓањето на малечкиот со најголема радост, а пејачката се породи во болница во Грац, Австрија, за што раскажа и пред самото породување.
Таа споделуваше фотографии од својата поодмината бременост на својот инстаграм-профил, каде изгледа совршено.

Како што открива „Telegraf“, синчето доби специфично име, односно се вика Лав. Целото семејство е пресреќно за приновата и честитките им пристигнуваат од сите страни.

Маја неодамна откри зошто баш сега сака да стане мајка.

„Градев кариера, но да се посветев на мајчинството, немаше да го направам она што го постигнав. Генерално, го направив она што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме видео снимка од концерт во Арена. Сега се будам со желба да имам нешто што е дел од мене, нешто што нема да се форсира, туку да се чека вистинскиот миг – изјави Маја за медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Невремето во Германија предизвика рекордна штета

Следно

ВИДЕО: Трајковски со гол за полуфинале во кралскиот Куп на Саудиска Арабија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian