ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

2 mins read

Илон Маск е во врска со 27-годишната австралиска актерка Наташа Басет, пишува „Daily Mail“. Шпекулациите за наводната љубов почнаа откако неодамна Маск и Басет беа видени заедно додека се симнуваат од неговиот приватен авион во Лос Анџелес.

„Наташа и Илон се гледаат веќе некое време. Прво тоа беше пријателска врска, а потоа прерасна во нешто повеќе откако се разведе од Грајмс“, изјавил извор близок до Илон и Наташа за странските медиуми.

„Наташа работи напорно на својата кариера, Илон силно ја поддржува нејзината желба да биде позната по своите успеси, а не како негова девојка“, додал тој.

Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува актерско училиште. Добила неколку улоги во телевизиски серии како „Hail! Caesar“, го отелотвори ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“.

Со глума се занимава од својата 14-та година, кога ја добила главната улога во претставата „Romeo and Juliet“. Актерката ќе ја видиме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.

илон маск грајмс
Илон Маск и Грајмс на Греми наградите во 2019 / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Да потсетиме, во септември минатата година, Илон Маск реши да се раздели со музичката ѕвезда Грајмс по тригодишна врска. Потоа изјави дека сè уште се во добри односи и заедно се грижат за нивниот едногодишен син X Æ A-Xi.

Маск беше во брак и со актерката Талула Рајли, со која се ожени двапати. Тие првпат се венчаа во 2010 година, и се разделија во 2012 година. Се смириле една година подоцна и повторно се венчале во 2013 година, а се разделиле во 2016 година. Медиумите во минатото го поврзуваа и со актерката Амбер Херд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Познато е во каква здравствена состојба е кралицата Елизабета, „полесните“ обврски ги извршува од изолација

Следно

Ковачевски: Нема да има средба со опозицијата ако се разговара само за предвремени избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian