ФОТО | Британски инфлуенсер сака да прави корекција на пенисот: Сакам да бидам 100 проценти Кореец

1 min read

Познат британски инфлуенсер, Оли Лондон, за кој безброј негативни реакции се нанижаа откако објави дека е „небинарен Кореец“, одново ја шокираше јавноста.

Имено, Оли изјави дека планира да направи процедура за смалување на својот пенис, како би бил „100 проценти Кореец.“

Лондон е роден како белец, но има направено бројни операции за да изгледа како Џимин, член на популарната корејска поп група BTS. Тој реши да направи уште еден екстремен чекор во својата трансформација и изјави за „Newsweek“ дека планира да го намали својот пенис.

„Не сакам луѓето да се навредат поради ова, но просечна големина на пенис во Кореја е 9 сантиметри и луѓето постојано ме малтретираат. Ми зборуваат дека не можам баш поради тоа да бидам целосне Кореец. Сакам да го намалам за да биде со просечна величина колку што е во Кореја – изјави тој.

Тој изјави дека ќе го направи тоа во Тајланд, а цената на операцијата би била помеѓу 6 и 8 илјади долари.

„Да бидам искрен, одам таму затоа што за такви нешта се специјализирани на Тајланд,  имаат доста луѓе кои променуваат пол“

Инфлуенсерот е на нишан по овие вести, а реакциите се бурни и негативни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ загрижен по одлуката на Путин: Пред нашите очи се менува светскиот поредок

Следно

Силно го осудуваме руското признавање на Доњецк и Луганск, напиша Османи на Твитер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian