Доктор Нико Беќаровски со план за спас на матичните лекари: Сите амбуланти да се исклучиво државни!

4 mins read

Професорот на Медицинскиот факултет и долгогодишен доктор на Клиниката за токсикологија, како и член на Комисијата за заразни болести, доктор Нико Беќаровски, во врска со минатонеделниот штрајк на матичните лекари, вели дека примарната здравствена заштита е фундаментот на една држава.

-Секоја куќа, колку и да има убава фасада, ако темелот нема добра арматура, при првиот појак земјотрес ќе се сруши. А ние имавме многу здрава ,,здравствена куќа” ама 30 години упорно ја руинираме, а божем ја реновираме, модернизираме, ,,европеизираме”. Најголемиот удар на здравствениот систем, барем според мене, беше одлуката за приватизација на примарната здравствена заштита и давањето под концесии на постојните ординации. Во тој момент од вредните лекари во општите ординации, создадовме во исто време и менаџери и концесионери и работодаватели и сметководители и правници и економисти, а најмалку горди доктори, вели Беќаровски потенцирајќи дека секогаш кога не се работи тоа што најдобро се знае и најмногу се сака, има незадоволство и незадоволни.

Така, во моментот во државата има незадоволни матични лекари, пациенти, како и меѓуколегијална нетрпеливост и во примарното и во секундарното и во терциерното здравство.

Според доктор Беќаровски во земјава има еден матичен лекар на 1200 пациенти и околу 1450 матични лекари вкупно. Така, посочува тој, иако бројот на матични лекари делува оптимален, сепак приватизацијата доведе до тоа амбуланти да се отвораат само на атрактивни локации каде може да се приграби голем дел на пациенти, а руралните здравствени станици во помалите населени места останаа празни.

Според него, уште не е предоцна примарната здравствена заштита да се спаси на начин што ќе се стави во целосно владение на јавното здравство за општо добро.

-Студиите на медицинските факултети, се меѓу најскапите студии и затоа секоја држава се труди да го задржи овој скап производ, во кој државата вложува многу пари.

Затоа оправдано би било секој запишан студент да потпише изјава дека ќе остане во јавното здравство барем 6 години колку што траат студиите, или ќе ги врати сите пари вложени во неговото образование. Веднаш по дипломирањето да се упати да работи во примарна здравствена заштита, каде низ Македонија ќе има потреба, три години, секако за пристојна плата која не би требало да е пониска од 60.000 денари, а не како понижувачките огласи кои сега кружат за работа во примарната здравствена заштита, вели докторот.

Тој предлага за работа вон местото на живеење и во руралните средини да следува дополнителен бонус од 30-40 проценти.

-На крајот од третата година да се изведе тестирање и тие со најголем број на бодови да се упатат на бесплатна специјализација, по која ќе се обврзат да работат најмалку уште 8-12 години во јавното здравство во зависност од траењето ба специјализацијата. Тие кои нема да успеат да влезат во квотата за специјализации на истекот од третата година, да им се обезбеди специјализација по семејна медицина по шестата година работа, со истите обврзувачки услови.

На овој начин најдобрите студенти ќе ни останат во Македонија, (барем 6 години), 80 проценти од потребните здравствени услуги ќе се завршуваат кај матичниот лекар, ќе постои мотив за континуирана едукација, ќе има многу позадоволни пациенти, бидејќи во секое катче од Македонија во близината на својот дом, ќе се добива подеднакво квалитетна услуга, вели Беќаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Последици од ковид: Знаци дека можеби имате тромбоза и дека итно мора да одите на лекар

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Дома се прават пријатели, пред светот не го ставаат ниту на слика, силно понижување за Ковачевски е исфрлањето од фотографијата на Петков

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian