Дибиров: Ако сакаме во осминафинале на ЛШ, мора да го победиме директниот конкурент

1 min read

Вардар 1961 в среда со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе го игра својот 12 натпревар сезонава, а противник е ППД Загреб од Хрватска.

Многу важен меч за играчите на тренерот Давид Дејвис на кој ќе бркаат триумф доколку сакаат да бидат на една од позициите кои водат во осминафиналето.

Руското лево крило на скопските „црвено-црни“ Тимур Дибиров се надева дека екипата ќе ја има поддршката од навивачите.

– Еден многу важен натпревар, се наоѓаме во добра серија, играме подобро. Имаме малку тежок распоред, со патувања, но очекувам да бидеме концентрирани за следниот меч, да се држиме до планот кој го договоривме и мислам дека на крајот ќе биде добро за нас.

ППД Загреб е добра екипа која многу ја почитуваме и која исто така е во добра форма. Но, се надевам дека на крајот ќе победиме на нашиот домашен терен. Знаеме дека ќе биде тешко, наше е да го дадеме максимумот. Очекувам борба на теренот, доста нервоза, но доколку сакаш да поминеш во следната фаза, мораш да го победиш директниот конкурент. Мислам дека така размислуваат и во Загреб, ќе видиме како ќе биде – изјави Дибиров.

На табелата во групата „А“ Вардар 1961 е на седмата позиција со седум бодови, еден помалку од шестопласираниот ППД Загреб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андреа за евровизиската песна: Музиката ми помогна да го надминам лошиот период од животот

Следно

Членови на Комисијата за избори и именувања бараат Џафери веднаш да свика седница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian