Дејвис: Нашето „класико“ сезонава, ќе биде борба против ППД Загреб

1 min read

В среда со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 ќе има важен натпревар против ППД Загреб и со евентуалните два бода остане во трката за осминафиналето.

Тренерот на македонскиот шампион Давид Дејвис очекува доста борба на теренот против Хрватите, но ќе се обидат неговите играчи со поддршката од навивачите на крајот да триумфираат.

– Работевме во последниот месец и пол, на секој натпревар може да се види дека екипата игра многу подобро секој натпревар. Во денешниот и утрешниот ден ќе ја искористиме секоја минута за да направиме добра тактика за натпреварот против Загреб. Противникот игра многу добро тактички. Февруари е важен месец за екипите, бидејќи потребни се бодови.

Доколку сакаме да направиме нешто повеќе од Лигата на шампионите, мора да победуваме секогаш на домашен терен. Ќе биде борба, нашето „класико“ оваа сезона, ќе се обидеме да направиме чекор напред, односно бидеме едно место погоре на табелата. Исто така ја бараме поддршката од публиката, знам дека може да биде одлична атмосферата, посакувам така да биде и овојпат – рече Дејвис.

Повеќе околу цените на влезниците за натпреварот Вардар 1961 – ППД Загреб можете да погледнете на следниот ЛИНК

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се тестира нова вакцина против ковид-19: Инхалација, наместо шприц и игла

Следно

Нови 234 случаи на ковид и 17 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian