Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жосеп Борел се обрати пред медиумите по седницата на Советот на министри за надворешни работи на Европската унија и меѓу другото зборуваше и за ситуацијата во БиХ.
„Кога станува збор за БиХ, разговаравме како да се зачува унитарноста на земјата, ги повикуваме политичките лидери да обезбедат целосно функционирање на Уставот на БиХ. Нема место во Европа за поделена БиХ“ вели тој.
Како што вели Борел, министрите за надворешни работи на ЕУ изразуваат целосна поддршка за високиот и специјалниот претставник на ЕУ во нивните напори за олеснување на ситуацијата, како и на специјалниот претставник на САД кој се обидува да ги спроведе изборните реформи и уставните амандмани кои би можеле да го подобрат функционирањето на државите.
„Подготвени сме за сите мерки и инструменти што ги налага ситуацијата, вклучително и финансиска помош и рестриктивни мерки, но овие мерки се последни. Се надеваме на договор меѓу партиите за да може да се одржат изборите“ рече меѓу другото Борел.