ЗОИ Пекинг: Доминација на Германците во боб

1 min read

Германскиот тим во боб четворосед предводен од Франческо Фридрих го освои златниот медал на Зимските олимиски игри во Пекинг. Германците до златниот медал дојдоа со време од 3:54.30 минути, а покрај Фридрих на победничкиот подиум се искачија уште и Торстен Маргис, Канди Бауер и Александер Шулер.

Ова воедно беше втор златен медал за Фридрих во Пекинг откако претходно победи во боб двосед.
Сребрениот медал го освои вториот тим на Германија преводен од Јоханес Лохнер. Заедно со него во тимот беа уште и Флоријан Бауер, Кристофер Вебер и Кристијан Расп кои остварија време од 3:54.67 минути.

Бронзениот медал и припадна на Канада за која настапија Џастин Крипс, Рајан Сомер, Кем Стонс и Бензамин  Коаквел.

Германците доминираа на натпреварувањата во боб и на четири трки во Пекинг освоија дури седум медали, три златни, три сребрени и еден бронзен медал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меки како пена: Воздушни јапонски палачинки

Следно

Мапирани 30 најкритични железнички премини во државава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian