Зеленски му рекол на Макрон дека Украина нема да одговори на руските провокации

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон изјави дека Украина нема да одговори на руските провокации на истокот и е подготвена за дијалог со Русија, пренесе Бета.

– Зеленски изрази волја Украина да не одговори на провокациите долж линијата на фронтот во источниот дел на земјата, соопшти Елисејската палата, која повика на „последни напори“ за да се избегне „голем конфликт“ во Украина.

За денеска е закажан телефонски разговор меѓу Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски претходно предложи средба со неговиот руски колега во време на растечки страв од руска инвазија на Украина.

– Не знам што сака рускиот претседател, затоа предлагам да се сретнеме, изјави вчера Зеленски на безбедносната конференција во Минхен.

Тој додаде дека Украина е „штит на Европа“ против руската армија и го повика Западот да ја зголеми помошта.

– Ја цениме секоја помош, но сите мора да сфатат дека тоа не се добротворни придонеси што Украина треба да ги бара … Тоа е ваш придонес за безбедноста на Европа и светот. Таму каде што Украина е штит осум години, рече Зеленски.

kurir.mk

Претходно

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште две седмици

Следно

ФОТО | Игор Џамбазов одмарајќи во Дојран, порача: Смејте се луѓе, само тоа остана бесплатно!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian