Во Хрватска се шпекулира за реконструкција на владата, политичките аналитичари ја смируваат ситуацијата

1 min read

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека истрагата против Дарко Хорват за злоупотреба на службената положба, кој во меѓувреме хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши од функцијата, нема да ја загрози тамошната власт.

Според претходните неофицијални информации, заедно со Хорват и Мандач, во овој случај осомничени се вицепремиерот Борис Милошевиќ, државниот секретар на Министерството за регионален развој Велимир Зунац, директорката на подрачјата за помош Катица Мишковиќ и поранешниот министер Томислав Толушиќ, пишува Хина, пренесува Дневни аваз.

– Ако работата се прошири и на Борис Милошевиќ, тогаш тоа е сериозен проблем за Владата, а многу повеќе за владејачката коалиција. Тогаш може да се разговара и за предвремени избори, иако се уште мислам дека тие не се така брзо пред нас – изјави Пуховски за Хина.

Тој смета и дека доколку поради Милошевиќ има некои условувања од СДСС во однос на стабилноста на владејачката коалиција, Пленковиќ има доволно луѓе во Парламентот кои доколку е потребно би биле на негова страна.

Политичкиот аналитичар Давор Ѓенеро во врска со апсењето на Дарко Хорват за Хина изјави дека шпекулациите за предвремени избори се опасни во услови кога не се знае што ќе има утре на светската сцена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Тешка сообраќајна несреќа кај Батинци – се судрија автобус и автомобил

Следно

Само едно авокадо дневно го намалува холестеролот и го чува срцето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian