ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека со законот за наставници ќе покачува плати, туку прави брутална партизација на образованието

1 min read

Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив. Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта. СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

– Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација во образованието. На државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар. Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има. Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните, се додава во партиското соопштение.

kurir.mk

Претходно

Хокеј во Пекинг: Прво олимписко злато за Финска

Следно

Австралија ги отвора границите по речиси две години локдаун и скандалот со Ѓоковиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian