Автобус и автомобил се судрија вчера доцна вечерва на влезот од село Батинци, скопско, пренесе ТВ21.
Според првичните информации предизвиката е само материјална штета и за среќа нема повредени ниту жртви во несреќата.
Голем број на жители се собрале на лице место, а брзо пристигнала и брзата помош. Автомобилот е речиси целосно уништен.
Според првичните неофицијални информации причина за несреќата е неприлагодената брзина со која се движел автомобилот.