Сергеј нема да биде Сергеј доколку не направи нешто да се одвои од другите. Тој не сакаше да коментира за долгите модерни нокти без да ги испроба на себе па затоа во емисијата се појави со необични долги нокти кои ги носеше во текот на целата емисија.
Тој рубриката „Индустрија за убавина“ ја посвети на овој тренд – долги и интересни стилето нокти, кој на светската сцена се уште гордо ги носи Карди Би.

Во необично подолгото издание на Sergej Reinvented, домаќинот на гости го повика популарниот млад хип-хопер Таско.
Тие разговараа за многу теми, од музиката, до модата и спортот, а ги коментираа и сегашните и поранешните стајлинзи на Таско. Хип – хоп ѕвездата ексклузивно за македонската публика откри зошто прекинала соработката со 2 Бона и тоа во моментот кога нивната соработката ветуваше многу на македонската хип-хоп сцена.

Таско и Сергеј заедно коментираа неколку модни катастрофи кои се појавуваат на социјалните мрежи, по што Таско стана и си замина од емисија. Двајцата одговараа и на незгодни прашања.

Изненадувањето, нормално е на крајот кога Сергеј, Таско и Никола го запеаја големиот македонски хит.
Ова урнебесно шоу погледнете го на следниот линк: