Јужна Кореја сака ЗОИ за млади да ги организира заедно со Северна Кореја

1 min read

Претседателот на Олимпискиот комитет на Јужна Кореја, Ли Ки Хјон изјави дека сака неговата земја да биде организатор на Зимските олимписки игри за млади во 2024 година и тоа заедно со Северна Кореја.

Хјон изјави дека ќе му понуди на Олимпискиот комитет на Северна Кореја да биде организатор на дел од натпреварувањата за две години. Јужна Кореја ЗОИ за млади ќе ги организира во Гаунгнеунг и во Пјангчанг кој беше домаќин за Зимските олимписки игри во 2018 година.

– Меѓународниот олимписки комитет има голем интерес Јужна и Северна Кореја заедно да ги организираар ЗОИ за млади во 2024 година – изјави Ли Ки Хјон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Александар Тарабунов уапсен во Битола по својот настап: Ми ставија лисици како на најголем криминалец!

Следно

Обезбедувањето на Филипче од МВР може да чини над стотина илјади евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian