Средба Мицотакис- Харис во Минхен

1 min read

Билатералните односи, случувањата во Украина и во Источниот Медитеран, како и енергетските проекти на Грција, биле дел од темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и потпретседателката на САД Камала Харис на нивната средба во Минхен на маргините на безбедносната конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираат од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ја информирал американската потпретседателка за случувањата во Источниот Медитеран и ја истакнал „опасноста од дестабилизација поради ескалацијата на турските провокации”, ја информирал и за енергетските проекти на Грција во конкретниот регион, а станало збор и за ситуацијата во Украина.

Дополнително, Мицотакис и Харис разговарале за целиот опсег на грчко- американските односи, „кои се на најдобро ниво досега”, а грчкиот премиер информирал за намерата во следните седмици да ги донесе на гласање во Парламентот промените на Договорот за взаемна одбранбена соработка меѓу Грција и САД и ги „разгледале перспективите за поблиска соработка во областа на одбраната што се отвораат по неодамнешните измени во договорот”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи – Албарес: Шпанија поддржува јасна ЕУ перспектива за Северна Македонија

Следно

Макрон и Путин разговарале речиси два час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian