„Слободен печат“: Петков испрати порака од Минхен: Влезот на Бугарите во македонскиот Устав да биде заеднички предлог

2 mins read

Во утрешното викенд издание на весникот „Слободен печат можете да прочитате

Бугарскиот премиер Кирил Петков испрати порака од Минхен: Влезот на Бугарите во македонскиот Устав да биде заеднички предлог.  Прашањето не е едната држава да притиска, а другата да вели не. Планираме да одиме со заеднички предлог во Европската Комисија. Го потпираме на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на луѓето од наше потекло, рече Петков.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со сопствен буџет за одредени намени: Груби ќе подели 20 милиони денари на невладини организации. Уште 15 милиони денари од сметката на Генералниот секретаријат на Владата се наменети за истата цел.

Зачестија обидите за грабнување малолетници: Родители како на пазар сè уште тргуваат со деца. Имаше пријави за обид за грабнување со платен откуп за детето, за продавање деца по претходен договор со родителите, со намера да се омажи детето и да се дадат пари на родителите, велат од Првата детска амбасада Меѓаши.

Свет – Гранати фрчат во Украина, Бајден го свика Советот за национална безбедност. Набљудувачите на ОБСЕ забележаа речиси 2.000 прекршувања на примирјето во источна Украина. Претседателот на САД Џо Бајден го свика Советот за национална безбедност, а македонското МНР ги повика македонските државјани итно да ја напуштат Украина.

Економија  – На пазарот на трудодт има 9.520 слободни работни места – најмногу се бараат хигиеничари, продавачи и општи работници.

Скопје – Чуваат змии, гуштери и желки, а потоа бараат Зоолошката да ги згрижи.

Екологија – Реките се тешки пациенти навлеченина антибиотици, никотин и кофеин. Изворите на чиста вода се загадени со фармацевтски производи.

Спорт – Елиф Елмас за италијанските медиуми изјави дека шансите на Италија и Македонија на натпреварот во Палермо со фифти-фифти. Македонскиот фудбалски дијамант оптимист пред баражот за пласман на Мундијалот во Катар годинава –

Специјален прилог „Енигмо“  Решавајте на осум страници крстозбори, судоку и други енигматски форми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пандевци пукнаа петарда против Скопје

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Новите ветришта на пријателство кои владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian