Сите мажи на Адријана Лима: Убавицата беше во врска со Лени Кравиц, а се забавувала и со принц!

2 mins read

Една од најзгодните манекенки во светот со прекрасна црна коса и магнетизирачки зелени очи Адријана Лима, е сон на многу мажи, но ова се сите нејзини бивши љубови со кои таа се забавуваше.

Убавата манекенка ретко кој знае дека беше во врска со принцот Венцеслаус од Линхенштајн, во романса што траела од 2003 до 2006.

Освен со принцот, таа била лудо вљубена и во музичарот Лени Кравиц. Не само што се забавуваа, туку беа и на чекор до брак. Тие беа во врска три години, а се верија во 2002. Таа глумеше во еден од неговите видеоспотови, но по бурната врска ја раскинаа веридбата.

Адриана Лима и Лени Кравиц/Printscreen/Youtube
Адриана Лима и Лени Кравиц/Printscreen/Youtube

Бразилската манекенка во 2016 беше уловена на Миконос како ужива со фудбалерот Семи Кедире. Иако врската не беше никогаш потврдена, сведоците на плажата пренесоа низ медиумите дека тие двајца биле многу блиски, и дека Кадире „одлепил“ по Лима.

Пред да биде во врска со Семи, Лима беше една година во врска со MMA борецот „Големиот Џум“. Во јавноста често разменувале бакнежи, а додека беше со него, Лима го засакала боксот како спорт со кој и денес рекреативно се занимава.

По раскинувањето до Џум, кое било изненадувачко за сите, бразилската манекенка кратко се забавуваше со бејзбол играчот Мет Харви.

Лима сепак имаше една огромна љубов. Тоа беше познатиот балкански кошаркар Марко Јариќ. Се венчаа во 2009 година на Денот на заљубените и имаат две ќерки, Валентина и Сиена. Се разведоа во 2014, откако Марко призна дека извршил неверство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Следно

Јелена Антиќ: Среќата беше на наша страна

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian