Само едно авокадо дневно го намалува холестеролот и го чува срцето

2 mins read

Одредени намирници со висока содржина на масти се полни со холестерол, но не се сите лоши за кардиоваскуларниот систем. Всушност, постои овошје кое е изненадувачки корисно за луѓето кои се борат со високиот холестерол.

Тоа е авокадото.

Авокадото е богато со масти, но оние кои се добри за нас – мононезаситени и полинезаситени. Незаменливо е во секоја здрава исхрана.

Во 100 грама авокадо се наоѓа 14 отсто од дневната препорачана количина на калиум. Внесот на препорачаната дневна количина на калиум е важно за намалување на крвниот притисок, а со самото тоа се намалува и ризикот од срцев удар. Авокадото може да го намали нивото на триглицериди и холестерол, што значи дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Дури осум истражувања докажале дека токму кај овие заболувања авокадото дејствува превентивно.

Како воопшто се покажало дека авокадото може да биде корисен додаток во исхраната за луѓето со висок холестерол? Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија спровеле контролирана студија во која 45 возрасни учесници, од кои на сите клинички им била дијагностицирана прекумерна тежина или дебелина, направиле мноштво промени во исхраната.

Тие пробале три различни диети – исхрана со ниска содржина на маснотии, диета со умерена содржина на маснотии и исхрана со умерени масти, која вклучувала едно авокадо дневно.

Истражувачите потоа ги забележале промените што им се случиле на учесниците.

На крајот од студијата, учесниците кои ја следеле диетата што вклучувала едно авокадо дневно значително го намалиле нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Покрај тоа, тие имале повисоко ниво на лутеин, антиоксидант кој игра важна улога за здравјето на очите.

Зошто авокадото има толку позитивно дејство? Истражувачите заклучиле дека авокадото не е благодарна храна за високиот холестерол само поради мононезаситените масти, туку и поради биоактивните соединенија.

И ова не е прва студија која сугерира дека во авокадото постои нешто што влијае на ЛДЛ холестеролот. Претходните истражувања исто така покажаа дека ова кремасто зелено овошје може да го намали целокупното ниво, што доведува до подобро општо здравје.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Хрватска се шпекулира за реконструкција на владата, политичките аналитичари ја смируваат ситуацијата

Следно

Хокеј во Пекинг: Прво олимписко злато за Финска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian