Променливо облачно време со повремен дожд

1 min read

Времето ќе биде променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните температури да бидат пониски и во следните денови.

Минималните температури денеска ќе се движат од еден до осум степени, а максималните дневни од 0 до 19 степени.

Утре температурата ќе достигне 20 степени, а во вторник ќе биде 11. Во среда, четврток и петок повторно се прогнозира покачување на температурите.

kurir.mk

Претходно

Османи од Минхен: Западниот Балкан не е дупка, туку срце на Европа

Следно

Видео: Тешка сообраќајна несреќа кај Батинци – се судрија автобус и автомобил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian