Претседателот на Европскиот совет ќе свика самит доколку Русија ја нападне Украина

1 min read

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел планира веднаш да свика специјален самит на европските лидери во случај на руски напад врз Украина.

– Тоа ќе обезбеди обединета одлука за санкциите, рече денеска Мишел на Минхенската безбедносна конференција и додаде дека во изминатите неколку недели биле подготвени различни сценарија за оваа цел.

За заканата од руските војници во близина на границите на Украина, Мишел рече: „Тие се надеваа дека ќе посеат раздор, ќе го ослабат нашиот сојуз и ќе нè поделат, но го постигнаа токму спротивното“.

Тој нагласи дека кохезијата е зацементирана и во ЕУ и преку Атлантикот.

Русија продолжува да ги негира плановите за напад на својот сосед, пренесе ДПА.

kurir.mk

Претходно

Целибаши побара од партиите, во кампањата, строго да го почитуваат изборниот законик

Следно

ФОТО | Се ожени синот на Ѓорѓе Иванов: Иван и Јана го кажаа судбоносното „да“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian