Османи – Албарес: Шпанија поддржува јасна ЕУ перспектива за Северна Македонија

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на Минхенската безбедносна конференција имаше билатерална средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Европска Унија и за соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес.

Како што соопшти МНР, министрите разговарале за европските перспективи на земјата, за развојот на економската и билатералната соработка и за мултилатералните форуми на заедничко делување, особено за соработката во ОБСЕ во фокусот на следното претседавање на Северна Македонија со оваа организација во 2023 година.

Османи го запознал Албарес за отворениот процес за градење доверба со Република Бугарија, која се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

Двајцата министри размениле мислења за ситуацијата во источниот дел на Украина, при што изразиле загриженост за ескалацијата на безбедносната состојба. Воедно, ја истакнале недвосмислената поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и повикале на итна де-ескалација на состојбите.

-Османи и Албарес заклучија дека особено значајно за безбедноста во евроатлантската област е и координираниот пристап на НАТО и ЕУ кои се засноваат на еднакви вредности и еднаква определба за мир и безбедност во глобални рамки. Министрите се заложија за блиска соработка и постојана координација на теми од заедничко значење, се наведува во соопштението од МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Довидување Пекинг – добредојде Милано и Кортина, свечено затворени Зимските олимписки игри

Следно

Средба Мицотакис- Харис во Минхен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian