Ѓоковиќ со инвеститори од Дубаи сака да гради терен за голф во Црна Гора вреден 300 милиони евра

1 min read

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ е заинтересиран да купи земјиште воблизина на плажата Јаз во Будва, Црна Гора и на кое со поддршка од инвеститори од Обединетите Арапски Емирати планира да изгради голф терен со 18 дупки, вреден 300 милиони евра, пишува црногорски „Вијести“.

„Вијести“ пишува дека Ѓоковиќ веќе имал средба со правните застапници на невладината организација „Јаз-Мрчево поље“ во која членуваат повеќе 600 лица кои се соопственици на 2.2 милиони квадратни метри земјиште.

Српскиот тенисер на сопствениците на земјиштето им рекол дека застапува еден од водечките инвестициски фондови кој е заинтересиран да изгради терен за голф, а вкупниот буџет е нешто поголем од 300 милиони евра.

Претставниците на Невладината организација му порачале на Ѓоковиќ дека се подготвени да го поддржат проектот, но дека сè  уште постојат имотно-правни проблеми околу земјиштето идека треба да се обрати до црногорската влада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Таско на гости кај Сергеј првпат јавно открива што се случи меѓу него и 2 Бона

Следно

Мицкоски: Инфлацијата е огромна, цените го јадат стандардот на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian